Шведската полиција соопшти дека најмалку двајца крадци украле предмети од уметничка галерија во Стокхолм, откако шведските медиуми објавија дека се украдени 10 до 12 бронзени скултури од шпанскиот уметник Салвадор Дали.
Според полицијата, крадците вчера рано наутро го скршиле прозорецот на влезната врата на галеријата Кулер во централен Стокхолм, и засега не се уапсени осомничени лица.
Секоја од скулптурите е вредна од 21 до 52 илјади долари, и се високи до 50 сентиметри. Скулптурите се од Швајцарија и во галеријата требаше да бидат изложени до недела.