БУГАРИЈА Е ЕДНА ОД НАЈОСУДУВАНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СТРАЗБУР ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА СО 25 ПРЕСУДИ МИНАТАТА ГОДИНА, ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ИМА 4

    БУГАРИЈА Е ЕДНА ОД НАЈОСУДУВАНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СТРАЗБУР ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА СО 25 ПРЕСУДИ МИНАТАТА ГОДИНА, ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ИМА 4Претседателката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Шифра О’Лири на презентацијата на статистиката на судот за 2022 година. (Фото: Европски суд за човекови права)

    Бугарија е во топ 10 најосудувани држави пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за 2022 година, според статистиката на институцијата што ја претстави претседателката на судот Шифра О’Лири.

    Минатата година, судот во Стразбур донел 27 пресуди за Бугарија, од кои што кај 25 било утврдено прекршување на човековите права. Дополнително, против Бугарија има 539 жалби за кои што процесот е во тек.

    Меѓу десетте најосудувани држави се уште Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија.

    На својот последен состанок, на 9 декември лани, Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика властите во Бугарија да почнат да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија.

    Комитетот на министри на состанокот ги разгледуваше неспроведените одлуки на судот во Стразбур и меѓу нив донесе одлука и за македонските здруженија во Бугарија, кои што веќе 16 години ги добиваат случаите против Бугарија.

    Според статистиката за 2022 на судот во Стразбур, за Македонија биле донесени 6 пресуди, од кои што кај 4 било утврдено прекршување на човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира