БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 11 ЈУЛИ ОТКАКО НИКОЈ НЕ УСПЕА ДА СОСТАВИ ВЛАДА

    БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 11 ЈУЛИ ОТКАКО НИКОЈ НЕ УСПЕА ДА СОСТАВИ ВЛАДАГЕРБ на Борисов победи на изборите на 4 април, но ниедна партија не сакаше да коалицира со неа (Фото: Ројтерс)

    Бугарија ќе одржи нови парламентарни избори на 11 јули, откако пропадна и третиот и последен обид да се формира нова влада, објави претседателот Румен Радев.

    ГЕРБ на досегашниот премиер Бојко Борисов победи на изборите на 4 април и остана најголема политичка сила во парламентот, но ниедна партија не сакаше да коалицира со неа. Откако ГЕРБ го врати мандатот за составување влада, истото го направија и партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов и Социјалистите.

    „На Бугарија ѝ треба политичка алтернатива со силна волја, што сегашниот парламент не успеа да ја даде“, изјави Радев, откако и Социјалистите му го вратија мандатот.

    Ова не му остави друг избор на Радев освен да назначи привремена администрација и да распише нови избори.

    „Следната недела ќе го распуштам парламентот и ќе назначам привремена влада. Во оваа ситуација, нови избори ќе се одржат на 11 јули“, кажа Радев.

    Последните анкети велат дека ГЕРБ и натаму е најпопуларната партија, но Има таков народ е многу блиску на второто место, што најавува дополнителни неизвесности дека ќе може да се формира стабилна влада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира