БУГАРИЈА ОДИ ВО НОВ КАРАНТИН, ЈА ИМА ТРЕТАТА НАЈГОЛЕМА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 ВО ЕУ

    БУГАРИЈА ОДИ ВО НОВ КАРАНТИН, ЈА ИМА ТРЕТАТА НАЈГОЛЕМА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 ВО ЕУБугарската влада најави продолжување на вонредната состојба до март (Фото: Новините)

    Бугарија планира да ги затвори училиштата, градинките, рестораните и продавниците и да ги забрани сите спортски натпревари, туристички патувања и приватни прослави во обид да го скроти ширењето на коронавирусот.

    Министерот за здравство Костадин Ангелов кажа дека мерките, за кои парламентот ќе расправа в среда, имаат за цел да го олеснат притисокот врз здравствениот систем. Ова следува откако за една недела беа регистрирани 23.569 нови случаи на зараза, при што има 6.350 хоспитализирани лица, илјада повеќе во споредба со минатата недела.

    Бугарија ја има третата најголема стапка на смртност во Европската Унија, 658 на 100.000 жители, покажуваат последните податоци.

    Колку и да сме подготвени, ниеден здравствен систем не може да издржи ваков притисок. Не можеме да си дозволиме да губиме животи“, изјави Ангелов.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира