БУГАРИЈА СО РЕКОРДНИ 6.007 НОВОЗАРАЗЕНИ И 310 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА

    БУГАРИЈА СО РЕКОРДНИ 6.007 НОВОЗАРАЗЕНИ И 310 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСАВо бугарските болници се сместени над 8.000 ковид пациенти (Фото: АП)

    Бугарија регистрираше 6.007 нови случаи на коронавирус и 310 починати во изминатите 24 часа, што се нови рекордни дневни бројки од почетокот на пандемијата. Паралелно со најниската стапка на вакцинирање, Бугарија во изминатите две недели ја има и највисоката стапка на смртност од ковид-19 во Европската Унија.

    Во бугарските болници моментално се сместени над 8.000 ковид пациенти, од кои 669 на интензивна нега. Бугарија денеска ја надмина бројката од вкупно 24.000 починати од ковид-19.

    По релативно мирното лето, Бугарија оваа есен е погодена од нов силен бран на пандемијата, што, според здравствените власти, се должи на ниската доверба на јавноста во вакцините, при што секој четврти возрасен жител е вакциниран.

    „Моментално се соочуваме со еден од најтешките периоди од почетокот на пандемијата. Исцрпени сме до крајните граници“, изјави Георги Георгиев, шефот на одделот за интензивна нега во централната болница во Софија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира