БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИСОВ ИМА КОРОНАВИРУС

    БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИСОВ ИМА КОРОНАВИРУС„После два ПЦР-теста, позитивен сум на ковид-19“, објави Борисов на Фејсбук додавајќи дека имал благи симптоми и дека ќе остане во самоизолација во неговиот дом. (Фото: БГНЕС)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов е последниот на листата политичари кои се заразија со коронавирус.

    „После два ПЦР-теста, позитивен сум на ковид-19“, објави Борисов на Фејсбук додавајќи дека имал благи симптоми и дека ќе остане во самоизолација во неговиот дом.

    Борисов и тројца министри од неговата Влада од петокот се во изолација, откако  заменик-министерот Николај Нанков со кој тие биле во контакт, имаше позитивен тест на коронавирус.

    Бугарија, како и повеќе земји од Европската Унија забележува висок раст на нозоаболени од ковид-19. Во земјата со 7 милиони жители, во саботата беа пријавени 1.589 нови случаи, со што вкупно заболеа 36. 519.

    Главниот град Софија, од денеска на две недели ги затвора ноќните клубови и дискотеки.  Градоначалничката Јорданка Фандакова ги повика универзитите да се префрлат на онлајн настава и сите кои можат да работат од дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира