ЧЕКАМЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД САД ЗА ДА ГО ВРАТИМЕ ИРАН ВО КАМЕНА ДОБА, ВЕЛИ ИЗРАЕЛ

    ЧЕКАМЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД САД ЗА ДА ГО ВРАТИМЕ ИРАН ВО КАМЕНА ДОБА, ВЕЛИ ИЗРАЕЛИзраел вели дека сака да ја заврши елиминацијата на династијата Хамнеи (Фото: АП)

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека неговата земја е подготвена да ја обнови војната против Иран и да го врати во мрачната и камена доба.

    „Израелската војска чека зелено светло од САД, пред сè, за да ја заврши елиминацијата на династијата Хамнеи. Ќе го вратиме Иран во мрачната и камена соба со напади врз енергетската и економската инфраструктура. Нападот овојпат ќе биде поинаков и смртоносен и ќе зададе разорни удари на најболните места, што ќе ги потресат и срушат темелите на Иран“, рече Кац.

    Неговите изјави се одраз на претходната закана на Доналд Трамп, кој пред да прогласи примирје, вети дека ќе го бомбардира Иран толку силно што ќе го врати назад во камена доба, доколку не се согласи на прифатлив договор за завршување на војната.

    Трамп оваа недела ги одложи нападите на неодредено време, давајќи им шанса на иранските власти да ги предадат своите предлози и да преговараат. Истовремено ја продолжи блокадата на иранските пристаништа, на што Иран одговори со повторното затворање на Ормускиот Теснец.

    САД имаат целосна контрола над Ормускиот Теснец. Ниеден брод не може да влезе или излезе без одобрение од САД“, кажа Трамп, кој ѝ нареди на морнарицата да пука на сите ирански бродови што поставуваат мини во водите на Теснецот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира