ЧЕШКА ЈА ВРАТИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ПАРИЗ ГИ ЗАТВОРА БАРОВИТЕ

    ЧЕШКА ЈА ВРАТИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ПАРИЗ ГИ ЗАТВОРА БАРОВИТЕЗатворањето на баровите во Париз следува откако заканата од коронавирусот беше зголемена на највисоко ниво (Фото: ЕПА)

    Чешка повторно воведе вонредна состојба по огромниот пораст на бројот на нови случаи на коронавирус.

    Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, Чешка има просек од 303 заразени на 100.000 жители во изминатите две недели и во истиот период само Шпанија имала повеќе – 319.

    Чешкиот премиер Андреј Бабиш кажа дека границите ќе останат отворени, но собирите ќе бидат ограничени на 20 луѓе на отворено, односно 10 во затворено, а спортските натпревари ќе се играат без гледачи.

    Воведување нови рестрикции најавија и француските власти. Баровите во Париз целосно ќе бидат затворени во наредните две недели, откако заканата од коронавирусот беше зголемена на највисоко ниво. Во Франција вчера имаше над 12.500 нови случаи на коронавирус. Минатата недела, и Марсеј нареди затворање на баровите и рестораните.

    „Работењето од дома сега мора да биде приоритет повеќе од кога било“, соопшти владата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира