ЧЕШКА ПЕЈАЧКА-АНТИВАКСЕРКА ПОЧИНА ОТКАКО НАМЕРНО СЕ ЗАРАЗИЛА СО КОРОНАВИРУСОТ

    ЧЕШКА ПЕЈАЧКА-АНТИВАКСЕРКА ПОЧИНА ОТКАКО НАМЕРНО СЕ ЗАРАЗИЛА СО КОРОНАВИРУСОТХорак се заразила за да може да добие здравствена пропусница за јавни места

    Чешката пејачка Хана Хорак, која била противник на вакцинирањето, почина откако намерно се заразила со коронавирусот за да може да добие здравствена пропусница и да посетува јавни места. Нејзиниот син Јан Рек изјави дека 57-годишната Хорак намерно се изложила на вирусот откако тој и татко му се заразиле пред Божиќ.

    „Таа одлучи да продолжи да живее нормално покрај нас и преферираше да се зарази место да се вакцинира“, изјави Рек.

    Во Чешка е неопходно да се покаже доказ за вакцинирање или прележан ковид-19 за влез во културни и спортски објекти, барови и ресторани, но и за да може да се патува.

    Два дена пред да почине, Хорак напишала на Фејсбук дека имала интензивна борба со вирусот.

    „Преживеав и сега за мене ќе има концерти, сауна, театар…“, напишала Хорак, пејачка во фолк групата „Асонанс“.

    Рек го обвини локалното антиваксерско движење за смртта на мајка му.

    „Тие ѝ го испраа мозокот и сега ја имаат нејзината крв на своите раце. Знам точно кој влијаеше врз неа. Тажен сум, зашто таа повеќе им веруваше на тотални странци отколку на своето семејство“, кажа Рек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира