ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА ГИ ОБНОВАТ ГАРАНЦИИТЕ ЗА ИДНО ЧЛЕНСТВО НА ДРЖАВИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА ГИ ОБНОВАТ ГАРАНЦИИТЕ ЗА ИДНО ЧЛЕНСТВО НА ДРЖАВИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАНГаранциите ќе бидат повторно потврдени на претстојниот самит во Словенија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерите на Европската Унија ќе ги обноват своите гаранции за идно членство на шесте држави од Западен Балкан, откако денеска се договориле околу текстот на заедничката декларација за претстојниот самит во Словенија, изјави висок функционер од Брисел.

    По неколку недели несогласувања околу декларацијата на самитот, што ќе се одржи в среда, претставниците на 27-те членки на ЕУ постигнале договор дека „повторно ќе се потврди недвосмислената поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

    Застојот околу декларацијата што постоеше минатиот месец се сфаќаше како недостиг од ентузијазам за прием на Србија, Косово, БиХ, Црна Гора, Албанија и Македонија во блокот.

    Минатата недела, агенцијата „Ројтерс“ објави детали од интерен документ, во кој стоело дека Европската Унија веќе не сака да им гарантира идно членство на земјите од Западен Балкан. Членките на ЕУ не ги откривале своите ставови, но богати држави како Данска, Холандија и Франција не сакале да се повтори ситуацијата како со избрзаниот прием на Романија и Бугарија во 2007 година, што беше проследено со лошо координираната миграција на источноевропските работници во Британија.

    Словенија в среда ќе биде домаќин на самит на шефовите на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, во обид евроинтеграциите да се помрднат од мртва точка, откако Бугарија го блокираше почетокот на пристапните претовори на Македонија и Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира