ДАЈТЕ НИ САМО 1% ОД ВАШИТЕ АВИОНИ И ТЕНКОВИ, ПОБАРА ЗЕЛЕНСКИ ОД НАТО

    ДАЈТЕ НИ САМО 1% ОД ВАШИТЕ АВИОНИ И ТЕНКОВИ, ПОБАРА ЗЕЛЕНСКИ ОД НАТОЗеленски побара неограничена воена помош (Фото: АП)

    Володимир Зеленски побара од лидерите на НАТО да ја зголемат воената поддршка за Украина.

    „За да ги спасиме луѓето и нашите градови, ни треба неограничена воена помош. Украина нема моќна противвоздушна одбрана. Досега не сме примиле ниеден авион, ни требаат и тенкови, но сè уште не сме добиле јасен одговор за тоа од НАТО. Дајте ни само 1% од вашите авиони и тенкови! Еден месец водиме нерамноправна, но херојска борба со Русија и затоа веќе не сакам да чујам дека украинската војска не ги исполнува стандардите на НАТО. Но, Украина не сака да војува со години“, кажа Зеленски во обраќањето до самитот на НАТО.

    Тој предупреди дека Русија би можела да нападне и други држави во регионот.

    „Сигурен сум дека Русија нема да застане во Украина. Таа сака да оди подалеку. Против источните членки на НАТО. Против балтичките земји и Полска. НАТО сè уште не покажало дека може да спасува животи. Се чувствуваме како да се наоѓаме во сивата зона меѓу западот и Русија, но ги штитиме и нашите и вашите заеднички вредности“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира