ДАНСКА И АВСТРИЈА ГО ПРЕКИНАА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ТРОМБ

    ДАНСКА И АВСТРИЈА ГО ПРЕКИНАА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ТРОМБДанските власти не кажаа колку случаи на сериозни несакани ефекти имало во земјата (Фото: Ројтерс)

    Данска привремено ја прекина имунизацијата против ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“ откако се појавија извештаи дека таа предизвикува згрутчување на крвта, што било причина и за еден смртен случај во земјата.

    Данските власти не кажаа колку случаи на тромб имало во земјата и ова следува откако и Австрија престана да ја дава вакцината на „АстраЗенека“ додека истражува смртен случај поради нарушување на коагулацијата и појава на белодробна емболија.

    „И ние и Данската агенција за лекови моравме да реагираме по извештаите за сериозни несакани ефекти во Данска и други европски земји“, изјави Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена служба.

    Вакцинирањето е прекинато на 14 дена. „АстраЗенека“ засега не се огласила за овие случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира