ДАНСКА ПОЧНА ДА ИМ ОДЗЕМА ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ НА СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ЗАШТО БИЛО БЕЗБЕДНО ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА

    ДАНСКА ПОЧНА ДА ИМ ОДЗЕМА ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ НА СИРИСКИ БЕГАЛЦИ ЗАШТО БИЛО БЕЗБЕДНО ДА СЕ ВРАТАТ ДОМАДанските власти се повикуваат на извештај кој вели дека безбедносната ситуација во некои делови на Сирија е значително подобрена (Фото: ЕПА)

    Данска е првата европска земја која почна да им отповикува дозволи за престој на сириски бегалци, инсистирајќи дека делови од нивната земја се безбедни за враќање.

    Од минатото лето, на најмалку 189 Сиријци им било одбиено барањето за обновување на статусот на привремени жители, што данските власти го оправдале со извештај кој покажува дека безбедносната ситуација во некои делови на Сирија е значително подобрена. Моментално се преиспитувал статусот на околу 500 луѓе кои потекнуваат од Дамаск и околните области.

    Проблемот предизвика пошироко внимание откако 19-годишната Аја Абу-Дахер на телевизија го изнесе случајот со нејзиното семејство, запрашувајќи се „што сториле погрешно“.

    Шарлот Сленте, генералната секретарка на Данскиот совет за бегалци, изјави дека новите дански правила за Сиријците претставуваат недостоинствен третман.

    „Ние не се согласуваме дека Дамаск или која било област во Сирија е безбедна за враќање на бегалците. Тоа што нема борби не значи дека е безбедно“, вели Сленте.

    Сепак, бидејќи Данска нема дипломатски односи со режимот на Башир ал-Асад, бегалците не можат да бидат депортирани, туку можат да завршат во данските кампови за депортација, за кои активистите велат дека се како затвор.

    По десет години војна, Ал-Асад ја поврати контролата во најголемиот дел од Сирија и борби има само во северниот дел, но во земјата ништо не се обновува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира