Над 1.000 млади луѓе во Данска се обвинети за дистрибуција на детска порнографија, откако сексуална содржина во која учествуваат 15-годишници беше објавена на Интернет, соопшти данската полиција. Полицијата почнала истрага откако на Фејсбук се појавија две видеа и фотографија со експлицитно сексуална содржина, која циркулирала главно меѓу тинејџери, корисници на социјалните медиуми во Данска.
„Тоа е голема и комплексна работа, која бараше време за да се истражи, пред сè поради големиот број обвинети“, изјави полициски инспектор Лау Тигесен. „На случајот работевме многу сериозно, бидејќи има многу импликации за оние вклучени при ширење на ваков материјал. Поголемиот дел од обвинетите видеото го прошириле неколку пати, но има и такви кои стотина пати го прошириле“, вели полицијата.
Во Данска возраста за своеволно стапување во сексуални односи е 15 години, но законот против детска порнографија сè уште се однесува на споделување видеа или фотографии со оние под 18 години.