ДЕЛОВИ ОД СЕВЕРНА АМЕРИКА ПОГОДЕНИ ОД ОПАСНИ ЖЕШТИНИ, ВО КАНАДА ИЗМЕРЕНИ РЕКОРДНИ 46,6 СТЕПЕНИ

    ДЕЛОВИ ОД СЕВЕРНА АМЕРИКА ПОГОДЕНИ ОД ОПАСНИ ЖЕШТИНИ, ВО КАНАДА ИЗМЕРЕНИ РЕКОРДНИ 46,6 СТЕПЕНИСе најавува дека опасното ниво на жештина би можело да потрае цела недела (Фото: АФП)

    Во Канада е измерена највисоката температура досега, додека западот на земјата и Пацифичкиот Северозапад во САД се погодени од досега невидена жештина.

    Температурата во гратчето Литон во Британска Колумбија се искачила до 46,6 Целзиусови степени, со што е соборен 84 стар рекорд, објавија официјални лица. Литон се наоѓа 250 километри североисточно од Ванкувер. Претходниот рекорд од 45 степени бил поставен во јули 1937 во два града во Саскачеван.

    И САД и Канада ги предупредија своите граѓани на опасното ниво на жештина, што би можело да потрае цела недела. Зоната на висок притисок е огромна, од Калифорнија до канадските арктички територии.

    Литон не е осамен случај. На повеќе од 40 други места во Британска Колумбија исто така се измерени рекордно високи температури.

    „Сакам кога се уриваат рекорди, но ова е нивно уништување. Во делови од западна Канада е потопло отколку во Дубаи. Постои можност температурите да одат и до 47 степени“, вели климатологот Дејвид Филипс.

    Во САД, најжешко е во сојузните држави Вашингтон и Орегон, каде што температурите исто така надминаа 40 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира