ДЕМОКРАТИТЕ ГО ОБВИНИЈА ТРАМП ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ЌЕ ПОЧНАТ НОВА ПОСТАПКА ЗА НЕГОВО ОТПОВИКУВАЊЕ

    ДЕМОКРАТИТЕ ГО ОБВИНИЈА ТРАМП ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ЌЕ ПОЧНАТ НОВА ПОСТАПКА ЗА НЕГОВО ОТПОВИКУВАЊЕДемократите сметаат дека Трамп и натаму претставува закана за националната безбедност, демократијата и уставот (Фото: Ројтерс)

    Републиканците ја блокираа резолуцијата на Претставничкиот дом со која Демократите побараа од потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25. амандман на уставот за експресно отстранување на Доналд Трамп од Белата куќа.

    Поради тоа, Демократската партија и официјално го обвини Трамп за „поттикнување побуна и насилство“ во врска со упадот на неговите приврзаници во зградата на Конгресот минатата среда, кога починаа пет лица, покренувајќи ја постапката за негово отповикување.

    „Претседателот Доналд Џон Трамп се обвинува за тешки злосторства и прекршоци. Тој смртно ги загрози безбедноста на САД и владините институции. Тој се закани на интегритетот на демократскиот процес, се замеша во мирната транзиција на власта и ја изневери довербата како претседател. Со таквото однесување, тој и натаму ќе биде закана за националната безбедност, демократијата и уставот ако остане на функцијата“, се вели во обвинението за покренување импичмент, кое и формално беше претставено во Конгресот.

    Лидерот на Демократите во Претставничкиот дом, Стени Хојер, потврди дека в среда најверојатно ќе се гласа за импичментот, по што процесот веднаш ќе се префрли во Сенатот. Нејасно е дали две третини од сенаторите ќе се согласат за предвремено разрешување на Трамп, на кого му остануваат само уште девет дена од мандатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира