ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА СЕ ГАЃАА СО КАМЕЊА И СОЛЗАВЦИ НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА СЕ ГАЃАА СО КАМЕЊА И СОЛЗАВЦИ НА ВТОРАТА ВЕЧЕР ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАДСудирите почнаа пред зградата на парламентот и продолжија на булевари, раскрсници и во паркови (Фото: Тањуг)

    Демонстрантите и полицијата се судрија на неколку локации во Белград на втората вечер од протестите, кои уследија откако претседателот Александар Вучиќ завчера најави враќање на полициски час и други рестриктивни мерки поради кризата со коронавирусот. Протести имаше и во неколку други градови, при што полицијата интервенираше и во Нови Сад, каде што беше каменувано седиштето на Српската напредна партија.

    Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека се повредени десетмина полицајци, при што на еден му биле скршени двете нозе откако бил турнат по скали.

    „Припадниците на полицијата беа изложени на линч. Тие беа целосно воздржани и интервенираа само кога животот им беше загрозен, како кога сакаа да ги тепаат“, кажа Стефановиќ.

    Првите солзавци беа фрлени пред зградата на српскиот парламент, по што жандармеријата со јуриш ги растера демонстрантите, за потоа судирите да продолжат на булевари, раскрсници и во паркови. И додека полицијата беше гаѓана со камења, топовски удари и пиротехника, таа возврати со солзавец, што во неколку наврати доведе до стампедо. Демонстрантите се повлекоа од улиците дури пред полноќ.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира