Лондонската подземна железница привремено запре со сообраќај откако демонстрантите против климатски промени се качија на возовите.
Две линии беа погодени од инцидентот кој се случи во утринските часови кога е најголема гужва и неколку патници беа снимени како се обидуваат насилно да ги симнат демонстрантите од вагоните.
Четири лица се уапсени и организацијата „Екстинкшн рибелион“ објави дека „прекинот бил неопходен за да се укаже на итноста на ситуацијата“.
„Ја осудувам оваа акција на демонстрантите, кои ја нападнаа подземната железница. Тоа не само што беше незаконски, туку и екстремно опасно и контрапродуктивно и им предизвика непотребни проблеми на лондончани кои го користат јавниот превоз за одење на работа“, изјави градоначалникот Садик Кан.