ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ 14 ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО ЗАМЕНА ЗА 42 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ

    ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ 14 ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ ВО ЗАМЕНА ЗА 42 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИКако дел од договорот, Израел вчера ослободи 39 палестински затвореници. (Фото: АП)

    Израелските власти соопштија дека 14 израелски заложници кои ги држи Хамас денеска ќе бидат ослободени во замена за 42 палестински затвореници. Ова е втор ден од привремениот прекин на огнот во договорот постигнат со посредство на Катар, кој наложува размена во сооднос од три спрема еден.

    Вчера беа ослободени 24 заложници – меѓу нив беа 13 Израелци, 10 Тајланѓани и еден филипински државјанин. Како дел од договорот беа ослободени 39 палестински затвореници.

    Најголемиот хуманитарен конвој од почетокот на војната вчера влезе во Газа, носејќи гориво, храна и медицински материјали.

    Во нападите на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници. Оттогаш, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 14.500 луѓе се убиени во одмаздничката кампања на Израел, од кои главнината деца и жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира