ДЕСЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО КОЛОРАДО

    ДЕСЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО КОЛОРАДОНападот во Боулдер завршил откако напаѓачот бил ранет од полицијата (Фото: АП)

    Десет луѓе се убиени, вклучувајќи полицаец, во неколкучасовната опсада на супермаркет во американската сојузна држава Колорадо. Нападот во Боулдер, кој цело време бил пренесуван на интернет и Јутјуб од сведоци, завршил откако напаѓачот бил ранет од полицијата.

    Полицијата пристигнала на местото на настанот 20 минути откако напаѓачот влегол во супермаркетот и почнал да пука. Два часа подоцна, таа преку Твитер ги предупреди луѓето да не прават преноси од настанот, но снимањето од присутните пред супермаркетот сепак продолжило.

    Идентитетот на напаѓачот не е објавен, а кога бил уапсен, носел само шорцови.

    „Осомничениот е во притвор и можеме да ја увериме заедницата дека е безбедно. Истрагата е сложена и ќе требаат неколку дена да ја завршиме“, соопшти полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира