ДЕСЕТИНА СКИЈАЧИ ИСЧЕЗНАЛЕ ВО ЛАВИНА ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ

    ДЕСЕТИНА СКИЈАЧИ ИСЧЕЗНАЛЕ ВО ЛАВИНА ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИИзминатиов период немаше висок ризик од лавини во овој регион (Фото: Твитер)

    Десетина луѓе се водат како исчезнати откако биле погодени од лавина во швајцарските Алпи. Несреќата се случила во популарниот скијачки центар Кран-Монтана и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека скијачите настрадале на обележана патека.

    Локалните медиуми објавија дека трае голема потрага по најмногу 12 луѓе, во што се вклучени кучиња и два хеликоптери.

    Времето значително се стопли во оваа областа изминативе денови, предизвикувајќи топење на снегот. И покрај тоа, ризикот од лавини беше поставен на втор степен од можни пет.

    „Околу 100 луѓе учествуваат во спасувањето“, изјави претседателот на зимскиот центар Филип Мажистрети.

    Претстојниот викенд, Кран-Монтана ќе биде домаќин и на трки од Светскиот куп во алпско скијање.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари