ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА ПОГРЕБОТ НА ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИ

    ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА ПОГРЕБОТ НА ГЕНЕРАЛОТ СОЛЕЈМАНИСтотици илјади луѓе се собраа денеска во Керман за погребот на Солејмани

    Десетици луѓе загинаа во стампедо што се случи во иранскиот град Керман за време на погребот на генералот Касем Солејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во петокот.

    Иранската државна телевизија објави дека починале најмалку 35 луѓе, додека 48 се повредени.

    Стотици илјади луѓе се собраа денеска во Керман за погребот на Солејмани, кој беше водач на елитните ирански единици Кудс, национален херој и втор најмоќен човек во земјата.

    „За жал, како резултат на стампедо, десетици луѓе се повредени, а има и мртви“, изјави Пиросеин Куливанд, шефот на иранските итни служби.

    Милиони Иранци во изминативе денови излегоа на улица за да му оддадат почит на Солејмани, додека Иран продолжува да се заканува дека ќе ја одмазди неговата смрт.

    „Маченикот Касем Солејмани е уште помоќен сега кога е мртов“, кажа лидерот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира