ДЕЦАТА НА РУСКИТЕ АГЕНТИ-ИЛЕГАЛЦИ ОСЛОБОДЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА ДОЗНАЛЕ ДЕКА СЕ РУСИ НА ЛЕТОТ ЗА МОСКВА, РЕЧЕ КРЕМЉ

    ДЕЦАТА НА РУСКИТЕ АГЕНТИ-ИЛЕГАЛЦИ ОСЛОБОДЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА ДОЗНАЛЕ ДЕКА СЕ РУСИ НА ЛЕТОТ ЗА МОСКВА, РЕЧЕ КРЕМЉДвојката ослободена во Словенија - Артем и Ана Дулцев - биле тајни разузнавачи попознати како „илегалци“, а беа уапсени во Љубљана под обвинение за шпионажа во 2022. (Фото: АП)

    Семејството руски агенти-илегалци, кои допатуваа во Москва во најголемата размена на затвореници Исток-Запад од Студената војна, беа толку длабоко прикриени што нивните деца дознаа дека се Руси дури по полетувањето на авионот, соопшти денеска Кремљ.

    „Пред тоа не знаеја дека се Руси и дека имаат некаква врска со нашата земја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „И веројатно видовте дека кога децата се симнаа по скалите на авионот не зборуваат руски и дека Путин ги поздрави на шпански. Тој рече буенас ночес. Децата вчера ги прашаа своите родители кој е тој што ги пречека (во Москва). Тие не ни знаеја кој е Путин. Така функционираат ‘илегалците’. Тие прават такви жртви од посветеност на својата работа“, рече Песков.

    Песков, потврди дека двојката ослободена во Словенија – Артем и Ана Дулцев – биле тајни разузнавачи попознати како „илегалци“. Претставувајќи се како аргентински иселеници, тие ја користеа Љубљана за своја база од 2017, за да ги пренесуваат наредбите на Москва на други агенти-илегалци и беа уапсени под обвинение за шпионажа во 2022.

    Нивните две деца им се придружија на летот за Москва преку Анкара, Турција, каде што се одржа масовната размена на заробеници.

    Белата куќа соопшти дека преговарала за размената со Русија, Германија и Словенија, Норвешка и Полска. Договорот, кој се работеше во тајност повеќе од една година, вклучува 24 затвореници – 16 кои се преселиле од Русија на Запад и осум вратени во Русија од Запад. Меѓу нив е и Вадим Красиков,руски таен агент на ФСБ, осуден за убиство на протеран чеченски дисидент во Берлин, соопшти германската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира