ДЕВЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ЖРТВИ ВО ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ТРИР, ВОЗАЧОТ КОЈ ВЛЕТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА БИЛ ПИЈАН

    ДЕВЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ЖРТВИ ВО ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ТРИР, ВОЗАЧОТ КОЈ ВЛЕТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА БИЛ ПИЈАНАвтомобилот возел еден километар по улицата, удирајќи случајни минувачи, пред да биде запрен од полициско возило (Фото: Гети)

    Деветмесечно бебе е меѓу четирите загинати во денешниот инцидент во германскиот град Трир, кога автомобил влета во пешачка зона. Властите кажаа дека нема назнаки дека инцидентот е политички или религиозно мотивиран.

    Педесет и едногодишниот возач е уапсен и обвинителите велат дека веројатно бил под дејство на алкохол.

    Сведоците кажаа дека „ренџ ровер“ со голема брзина поминал низ улицата, при што некои пешаци биле исфрлени во воздух.

    „Тој возел еден километар по улицата, удирајќи случајни минувачи, пред да биде запрен од полициско возило“, изјави портпаролот на полицијата на Трир, Карл-Петер Јохем.

    Останатите загинати се на возраст од 25, 45 и 73 години, а градоначалникот Волфрам Лајбе претходно изјави дека има и 15 повредени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира