ЏО БАЈДЕН НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУС И ГИ ПОТСЕТИ АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКА

    ЏО БАЈДЕН НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУС И ГИ ПОТСЕТИ АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКАБајден кажа дека продолжува со планираните активности од изборната кампања (Фото: АП)

    Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и неговата сопруга Џил се негативни на коронавирус, потврдија од неговата изборна кампања. Бајден во вторникот ја делеше сцената со Трамп на првата од трите предвидени претседателски дебати, каде што противникот го исмеваше за носење маска во изборната кампања.

    „Среќен сум што јас и Џил имавме негативен тест за коронавирус. Сакам да го искористам ова за да ве потсетам да носите маска, миете раце и да држите растојание“, напиша Бајден на Твитер.

    Доналд и Меланија Трамп утрово објавија дека се позитивни на коронавирус и дека во наредниот период ќе бидат во карантин во Белата куќа, чиј официјален лекар кажа дека и двајцата се добро, но имаат благи симптоми.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира