Британскиот премиер Борис Џонсон присуствуваше на денешната седница на парламентот преку Зум откако неделава повторно мораше да оди во самоизолација по контакт со лице кое било позитивно на коронавирус. Џонсон преку видеоврска одговараше на пратеничките прашања, што се одржува секоја среда.
Во минатото, доколку премиерот не можеше да присуствува на седницата, него го менуваше друг член на владата.
Џонсон во меѓувреме имаше негативен тест за коронавирус, но според владини правила, мора да остане во изолација уште 11 дена. Тој во март беше позитивен на коронавирус и неколку дена помина во болница.