ДОСЕГА ДЕВЕТ УБИЕНИ И НАД 7.000 УАПСЕНИ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО САД

    ДОСЕГА ДЕВЕТ УБИЕНИ И НАД 7.000 УАПСЕНИ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО САДГолем број градови воведоа полициски час, кој главно не се почитува (Фото: АП)

    Девет луѓе се убиени откако пред една недела почнаа протестите против полициска бруталност и расизам во САД, што во голем број градови беа засенети од грабежи, палежи и уништувања.

    Во два одделни инцидента во Лас Вегас ноќеска, едно лице е убиено, а еден полицаец е во критична состојба, откако во него било пукано додека се обидувал да растера поголема група демонстранти.

    Во Сент Луис се застрелани четворица полицајци, но не се во животна опасност, а во Бафало двајца полицајци биле удрени со автомобил. Две лица ноќеска се убиени и во предградие на Чикаго.

    Изминатите три дена биле уапсени над 7.200 луѓе во 43 градови, најмногу во Лос Анџелес и Њујорк. За да ги запрат нередите, голем број градови воведоа полициски час, кој главно не се почитува.

    Доналд Трамп се закани дека ќе ја испрати војската на улиците „за да ги скрши професионалните анархисти, криминалците, вандалите, Антифа и други чии акции ја окупираа Америка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира