ДВАЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕРЕДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ЗАПАЛЕНИ И ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛИ

    ДВАЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕРЕДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ЗАПАЛЕНИ И ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛИПолицијата успеа да ги растера демонстрантите околу два часот после полноќ (Фото: Танјуг)

    Дваесет луѓе се повредени во нередите во Белград кои почнаа синоќа откако претседателот Вучиќ најави враќање на полициски час и на други рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот.

    Судирите помеѓу полицијата и демонстрантите траеја со часови, а сè почна со собирот пред српскиот парламент, каде што беше пробиен полицискиот кордон и група граѓани успеа да влезе во холот на зградата, но за кратко време беше избркана надвор. И додека полицијата беше гаѓана со јајца, камења, шишиња и факели, таа возврати со солзавец, а за да ги растера демонстрантите, на помош ѝ дојде и полициска коњаница.

    Околу два часот после полноќ, полицијата успеа да ги потисне демонстрантите од платото пред српскиот парламент и од околните улици, при што се запалени најмалку два полициски автомобила. Во улиците кои водат кон парламентот, полицијата постави кордони.

    Брзата помош утрово објави дека во болница се примени 13-мина полицајци и седуммина демонстранти.

    „Го осудуваме вандализмот на политичарите кои стојат зад насилниот упад во парламентот, во моментите кога земјата се соочува со најсилниот удар на коронавирусот. Откако не успеаја да влезат во парламент преку изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилничко лице“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира