ДВАЈЦА ОНЕСВЕСТЕНИ И 300 ЕВАКУИРАНИ НА СВИНГЕРСКА ЗАБАВА ВО КЕЛН

    ДВАЈЦА ОНЕСВЕСТЕНИ И 300 ЕВАКУИРАНИ НА СВИНГЕРСКА ЗАБАВА ВО КЕЛНОколу 160 спасувачи беа вклучени во операцијата за евакуција на 300 гости на свингерската забава во Келн. (Фото: ДПА)

    Околу 300 гости во свингерски клуб во близина на германскиот град Келн беа евакуирани откако се вклучи алармот за јаглерод моноксид во саботата вечер, соопшти Противпожарната служба. Двајца од гостите колабираа, а осуммина други, вклучувајќи и еден спасувач беа хоспитализирани.

    Портпаролот на Противпожарната служба кажа дека кога пристигнале надлежните да го проверат нивото на јаглерод моноксид во зградата, не било откриено ништо невообичаено, по што на гостите им било дозволено да се вратат и да си земат личните работи.

    „Забавата сепак, не продолжи“, кажа тој.

    Околу 160 спасувачи беа вклучени во операцијата, а полицискиот портпарол рече дека во понеделник ќе биде одлучено дали ќе има истрага за криминал.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари