ДВАЈЦА ПОЛСКИ ПРАТЕНИЦИ УАПСЕНИ ДОДЕКА БЕА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДУДА, ВЕЛАТ ДЕКА ВО ЗЕМЈАТА СЕ СОЗДАВА ДИКТАТУРА

    ДВАЈЦА ПОЛСКИ ПРАТЕНИЦИ УАПСЕНИ ДОДЕКА БЕА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДУДА, ВЕЛАТ ДЕКА ВО ЗЕМЈАТА СЕ СОЗДАВА ДИКТАТУРАКамински и Васик минатиот месец беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба (Фото: Шатерсток)

    Полската полиција ги уапси поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мацеј Васик додека беа во претседателската палата. Камински и Васик, кои беа избрани за пратеници во октомври, минатиот месец беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба од периодот кога водеа антикорупциска агенција во 2007, но тие одбија да ја прифатат оваа одлука, бидејќи претседателот Анджеј Дуда ги помилува за тоа во 2015. Дуда исто така кажа дека не ја признава судската одлука и тврдеше дека помилувањето е валидно.

    Сите се еднакви пред законот“, изјави новиот министер за внатрешни работи Марцин Кјервински по апсењето.

    На Камински и Васик им беше одземен пратеничкиот имунитет, а во понеделникот вечер, полицијата издаде налог за нивно апсење. И покрај тоа, Дуда ги покани во својата палата во Варшава на церемонија на која двајца нивни поранешни колеги станаа советници на претседателот. Неколку часа подоцна, Камински и Васик на кратко излегоа од палатата и кажаа дека ќе бидат политички затвореници ако бидат уапсени.

    Се соочуваме со многу сериозна државна криза. Се создава мрачна диктатура“, изјави Камински, пред да се вратат во палатата.

    Премиерот Доналд Туск ја опиша ситуацијата како неверојатна и го обвини Дуда дека им помага на Камински и Васик да ја избегнат правдата. Откако Камински и Васик беа уапсени, стотици приврзаници на партијата Закон и правда се собраа пред палатата за да им дадат поддршка.

    Минатата година, врховниот суд на Полска пресуди дека помилувањето на Дуда од 2015 не е валидно зашто било издадено додека Камински и Васик ја обжалуваа пресудата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира