ДВАЈЦА РУСИ И ЕДЕН УКРАИНЕЦ ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН НАД УКРАИНА ВО 2014

    ДВАЈЦА РУСИ И ЕДЕН УКРАИНЕЦ ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН НАД УКРАИНА ВО 2014Тројца од обвинетите се осудени на доживотен затвор во отсуство, а еден е ослободен (Фото: Гети)

    Двајца Руси и еден Украинец се прогласени за виновни за уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014, кој беше соборен над источна Украина, при што загинаа 298 луѓе, од кои 80 деца. Холандскиот суд пресуди дека авионот бил соборен од проруски сепаратисти кои користеле проектил од руско производство добиен од Русија.

    Русите Игор Гиркин и Сергеј Дубински и Украинецот Леонид Харченко се осудени на доживотен затвор во отсуство, додека четвртообвинетиот Олег Пулатов беше ослободен, иако судот кажа дека знаел за проектилот. Тој единствен имаше правен застапник на судењето.

    Гиркин, кој тогаш беше воен лидер на Народната Република Доњецк, е осуден за распоредување на проектилот и за барање помош од Русија, Дубински за нарачка и транспорт на ракетниот систем БУК, а Харченко за негово надгледување.

    Судиите кажаа дека нивната намерна акција довела до уривањето на авионот „боинг 777“, кој летал од Амстердам за Куала Лумпур и дека биле свесни дека тоа е цивилно, а не воено летало. Најголем дел од патниците биле од Холандија, Малезија и Австралија.

    Авионот беше соборен во раната фаза од руските напори да преземат контрола врз делови од Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира