Двајца тинејџери убија тројца мажи во џамија во Сан Диего, Калифорнија, по што извршија самоубиство. Нападот се случи откако полицијата добила информација за двајца тинејџери склони кон самоубиство кои избегале од дома.
Полицијата потоа пронашла тројца убиени мажи во Исламскиот центар во Сан Диего, а набргу потоа добила дојава за ново пукање неколку улици подалеку. Двајцата осомничени напаѓачи на возраст од 17 и 18 години се пронајдени мртви во автомобил од самонанесени рани.
Меѓу убиените е чувар во џамијата, татко на осум деца, кој, според полицијата, спречил нападот да биде многу полош.
„Фер е да се каже дека неговите постапки биле херојски. Несомнено спасил животи денеска“, кажа шефот на полицијата на Сан Диего, Скот Вал.
Мотивот на нападот не е познат, но истражителите веруваат дека станува збор за злосторство од омраза. Два часа пред нападот, мајката на еден од тинејџерите пријавила во полиција дека тој заминал од дома со неколку парчиња оружје.
„Белешката што ја оставил содржи генерализирана реторика на омраза. Таа не содржи никаква конкретна закана за џамијата, ниту за која било друга локација или поединец“, изјави Вал.



