ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И 28 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ НА МААЛСКА ЗАБАВА ВО БАЛТИМОР

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И 28 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ НА МААЛСКА ЗАБАВА ВО БАЛТИМОРИспукани биле од 20 до 30 истрели, а засега нема детали за напаѓачот. (Фото: Си-Би-Ес)

    Две лица загинаа, а други 28 се повредени во американскиот град Балтимор, соопшти полицијата. 18-годишна жена е пронајдена мртва на местото на настанот, а кај 20-годишен маж е констатирана смрт набргу по приемот во болница. Сите жртви се возрасни.

    Портпаролот на полицијата Ричард Воели изјави дека три лица се во критична состојба.

    Инцидентот се случил во областа Бруклин Хомс на југот од градот во државата Мериленд, каде што луѓето се собрале на настан наречен „Ден на Бруклин“.

    Според „Фокс њуз“, испукани биле од 20 до 30 истрели. Засега нема детали за напаѓачот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира