РУСКИ РАКЕТИ УБИЈА ДВАЈЦА ВО ПОЛСКА

    РУСКИ РАКЕТИ УБИЈА ДВАЈЦА ВО ПОЛСКАИнцидентот се случи во селото Пжеводов (Фото: Фејсбук)

    Две лица загинаа во експлозија во полското село Пжеводов близу границата со Украина.

    Пожарникарите се на местото на настанот. Не знаеме што точно се случи“, изјави Лукаш Куци, шефот на локалните пожарникари.

    Полското радио „ЗЕТ“ објави дека две залутани ракети погодиле фарма во селото, убивајќи двајца луѓе, без да даде други детали. Висок американски разузнавач кажа дека станува збор за руски ракети кои преминале во Полска, која е членка на НАТО.

    Русија денеска жестоко ја ракетираше Украина, при што мета беше енергетската инфраструктура во повеќе градови.

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот комитет за национална безбедност и одбранбени прашања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира