ДВЕ ЦРКВИ СРУШЕНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО НОРЧА, РИМ ГО ЗАТВОРИ МЕТРОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Рим,(АНСА)

    ДВЕ ЦРКВИ СРУШЕНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО НОРЧА, РИМ ГО ЗАТВОРИ МЕТРОТО

    Градските власти во Рим го запреа метрото по силниот земјотрес од 6,5 степени што утринава ја погоди централна Италија, а две цркви во Норча, каде беше епицентарот на длабочина од 10 километри, се срушени.

    Од базиликата „Свети Бенедикт“ и катедралата „Света Марија“ останаа само дел од фасадите и структурата и монасите од „Свети Бенедикт“ велат дека многу луѓе се заглавени на плоштадот во Норча, откако зградите околу нив се срушиле.

    Засега нема извештаи за загинати во земјотресот, а „Ла Стампа“ јави за десетмина повредени, од кои еден посериозно. Во Толентино, каде има неколку срушени згради, три лица биле извлечени од рушевините.

    Фото: АНСА

    Фото: АНСА

    Во Рим, кој се наоѓа на 132 километри од епицентарот, денешниот земјотрес предизвика поголема загриженост од оној во средата со јачина од 6,1 степени, бидејќи беше почувствуван многу посилно. Метрото е суспендирано додека траат безбедносни проверки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира