ДВЕ ЖРТВИ ВО ПУКОТНИЦА НА ФЕСТИВАЛ ВО ЛАС ВЕГАС

    ДВЕ ЖРТВИ ВО ПУКОТНИЦА НА ФЕСТИВАЛ ВО ЛАС ВЕГАСНа фестивалот имаше 40.000 гледачи, а истрелите од автоматско оружје дошле од горните катови на хотелот и казино „Мандалај“ што е спроти местото на фестивалот (Фото: АП)

    Најмалку двајца загинаа, а десетици се ранети при пукањето на музички фестивал на отворено во Лас Вегас. Десетици патролни возила се на терен откако властите примиле извештаи за активен стрелач во близина на фестивалот Харвест. Полицијата од Лас Вегас рече дека еден осомничен бил застрелан, но не даде никакви други детали.

    Аеродромот во Лас Вегас ги приземји сите летови поради пукањето.

    На фестивалот имаше 40.000 гледачи, а дел рекоа дека виделе цевка од пушка и светкави истрели од горните катови на хотелот и казино „Мандалај“ што е спроти местото на фестивалот, а звукот го опишаа како автоматско оружје.

    Дваесет и шест лица беа примени во болницата, од нив, најмалку двајца загинати, 12 во критична состојба, а останатите се уште се прегледуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира