ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА КАРВАНА ГАЛИЦИЈА ВО 2017 ЈА ПРИЗНА ВИНАТА

    ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА КАРВАНА ГАЛИЦИЈА ВО 2017 ЈА ПРИЗНА ВИНАТАСе верува дека Дафне Карвана Галиција беше убиена зашто истражувала случаи на корупција (Фото: Ројтерс)

    Еден од тројцата мажи обвинети за убиството на малтешката новинарка Дафне Карвана Галиција во 2017 година ја призна вината и беше осуден на 15 години затвор. Винсент Мускат ја призна својата вмешаност во поставувањето експлозивна направа под автомобилот на новинарката, која истражуваше случаи на корупција во земјата.

    Многумина се сомневаат дека убиството било нарачано од елитните структури во Малта.

    Мускат неочекувано го смени својот исказ денеска и се согласи да обезбеди дополнителни информации за убиството. Останатите двајца обвинети, кои беа присутни во судницата, одбиле да зборуваат.

    Педесет и тригодишната Галиција три децении работеше како новинарка и отворено обвинуваше малтешки политичари и други функционери за корупција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира