ЕДЕН УБИЕН ВО ТРИЧАСОВНАТА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

    ЕДЕН УБИЕН ВО ТРИЧАСОВНАТА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕСПред да упадне во супермаркетот, напаѓачот ја застрелал баба му (Фото: АФП)

    Една жена е убиена во тричасовната заложничка драма во полн супермаркет во Лос Анџелес, пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата.

    Два часа пред да земе заложници, напаѓачот ја застрелал баба му седум пати и повредил уште една жена, која ја натерал да влезе во автомобил. Тој потоа бил бркан од полицијата, при што дошло и до меѓусебно пукање, пред автомобилот да удри во столб пред супермаркетот.

    „Тогаш тој излезе од автомобилот и влезе во супермаркетот, додека кон нас доаѓаа двајца полицајци со тешко оружје. Кога се затвори вратата од супермаркетот, сите исполегнавме на земја. Така лежевме околу час и половина, пред да упадне полицијата“, изјави еден сведок.

    Полицијата соопшти дека една жена е убиена, додека претходно застреланата баба на напаѓачот е во критична состојба.

    „Со жалење мора да информирам дека имаме еден смртен случај внатре. Осомничениот е приведен“, изјави градоначалникот Ерик Гарсети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира