ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД СО МАЧЕТА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД РОЈТЛИНГЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Штутгарт,(разниизвори)

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД СО МАЧЕТА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД РОЈТЛИНГЕН

    Една жена е убиена и други двајца се повредени во напад со мачета во Ројтлинген, близу Штутгарт, Германија.
    На социјалните мрежи се појави фотографија со човек со крваво лице, совладан од полицајци, а покрај нозете на полицајците може да се види и долг нож.

    Според Ројтерс, осомничен за нападот е 21-годишен бегалец од Сирија, кој е познат на полицијата од претходно. Шпигел јави дека маж и жена се расправале близу автобуска станица непосредно пред да се случи нападот.
    Ова се случува само два дена по пукањето во Минхен, во кое тинејџерот Али Сонболи уби деветмина пред да се самоубие и една недела по нападот со секира во воз во Баварија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари