Едно лице загина, а тројца се повредени откако рано утрово во нив удри комбе во Холандија, неколку часа по завршување на концертот на ар-ен-би ѕвездата Бруно Марс. Инцидентот се случил за време на музичкиот фестивал „Пинк поп“, кој се одржува во провинцијата Лимбург на југот на Холандија.
Од полицијата велат дека во моментов се трага по возилото, кое очевидци го опишаа како мало бело комбе „фиат добло“ . Улицата каде се случил инцидентот е затворена. На местото се наоѓаат хеликоптери, амбулантни возила и голем број полицајци.