ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ОД ФЕНТАНИЛ ВО ГРАДИНКА ВО ЊУЈОРК, ПРИ ПРЕТРЕС ПРОНАЈДЕН ЕДЕН КИЛОГРАМ ДРОГА

    ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ОД ФЕНТАНИЛ ВО ГРАДИНКА ВО ЊУЈОРК, ПРИ ПРЕТРЕС ПРОНАЈДЕН ЕДЕН КИЛОГРАМ ДРОГАНиколас Доминики ја посетувал градинката само една недела, пред да почине од вдишување на дрогата

    Едногодишно дете починало во градинка во Њујорк откако дошло во контакт со фентанил, кој бил скриен под душек во собата за дремка. Николас Доминики, кој ја посетувал градинката само една недела, починал од предозирање со дрога, објави полицијата. Уште три деца биле примени во болница откако биле изложени на моќниот наркотик.

    Полицијата верува дека децата на возраст од осум месеци до две години го вдишале фентанилот додека спиеле. На три деца им бил даден „наркан“, лек кој може да спаси живот при предозирање со дрога.

    Против сопственичката на градинката Греј Мендес и уште едно лице се покренати обвиненија за убиство и препродажба на дрога. Снимките од надзорни камери и телефони покажаа дека Мендес прво му се јавила на својот сопруг кога видела дека децата не се добро, по што тој дошол и однесол неколку кеси од градинката. Полицијата трага по сопругот на Мендес.

    При претрес на градинката е пронајден еден килограм фентанил под душек каде што спиеле децата. Пронајденото количество дрога би можело да убие 500.000 луѓе“, изјави главниот детектив на њујоршката полиција Џозеф Кени.

    Фентанил е синтетички лек против болки кој е 50 пати помоќен од хероинот и во САД владее вистинска епидемија на предозирања со оваа дрога. Во 2010, во САД имало помалку од 40.000 смртни случаи од предозирање, од кои 10% биле поврзани со фентанил, додека во 2021 нивниот број пораснал на над 100.000. Дури 66% од нив починале од фентанил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира