ЕКСПЛОЗИЈА ОШТЕТИ ВАЖЕН КАНАЛ ЗА ВОДА ВО КОСОВО, ПРЕМИЕРОТ КУРТИ ЈА ОБВИНИ СРБИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

    ЕКСПЛОЗИЈА ОШТЕТИ ВАЖЕН КАНАЛ ЗА ВОДА ВО КОСОВО, ПРЕМИЕРОТ КУРТИ ЈА ОБВИНИ СРБИЈА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДЛокалните медиуми објавија фотографии кои покажуваат дека дел од каналот е уништен и од него истекува вода

    Силна експлозија што синоќа одекна во селото Варага во општина Зубин Поток во Косово оштети дел од каналот Ибар-Лепенац, поради што беше прекинато снабдувањето со вода за пиење. Грачаница и околните места добија струја по неколкучасовен прекин.

    Со вода од овој канал се снабдуваат и две важни електрани на јаглен кои обезбедуваат струја за речиси целата земја. Премиерот Албин Курти ја обвини Србија за она што го нарече терористички чин. Нема информации дека има повредени и што ја предизвикало експлозијата.

    Ова е криминален и терористички напад со цел да се уништи нашата инфраструктура“, кажа Курти.

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека ова е дело на српски криминални банди, без да изнесе докази.

    Локални жители кажаа дека слушнале детонација, додека директорот на каналот Ибар-Лепенац Фарук Мујка кажа дека можеби станува збор за диверзија.

    Постои можност дека некој поставил експлозив, што очигледно би бил намерен напад, не може да биде ништо друго“, рече Мујка, додавајќи дека штетата се санира и дека полицијата го презела случајот.

    Локалните медиуми објавија фотографии кои покажуваат дека дел од каналот е уништен и од него истекува вода.

    Косовската полиција вчера објави дека ги засилува безбедносните мерки откако беа фрлени гранати врз полициска станица и општинска зграда во северно Косово. Не е познато дали сите овие инциденти се поврзани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира