ЕРДОГАН И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ИЗГУБИ ВЛАСТА ВО ИСТАНБУЛ

    ЕРДОГАН И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ИЗГУБИ ВЛАСТА ВО ИСТАНБУЛЕкрем Имамоглу од Републиканската народна партија денеска беше потврден за нов градоначалник (Фото: Анадолу)

    Кандидатот на најголемата опозициска партија во Турција денеска и официјално беше прогласен за нов градоначалник на Истанбул, и покрај барањата на партијата на Ердоган да се поништи гласањето и да се одржат нови избори.

    Речиси три недели по локалните избори, Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија го прими мандатот од државната изборна комисија по пребројувањето на гласовите на неколку спорни избирачки места во градот. Набргу потоа, Имамоглу и официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Мевлут Ујсал.

    Првичните резултати покажуваа дека Имамоглу победил со мала разлика, што беше причината партијата АК во неколку наврати да побара повторно броење на гласовите. АК во последните 15 години управуваше со вториот најголем град во Турција, а токму од оваа функција почна и политичкиот подем на Ердоган. АК исто така ги загуби и Анкара и Измир.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира