ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОДДРЖИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО ОТКАКО ВО СТОКХОЛМ БЕШЕ ЗАПАЛЕН КОРАН

    ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОДДРЖИ ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА ВО НАТО ОТКАКО ВО СТОКХОЛМ БЕШЕ ЗАПАЛЕН КОРАНКрајнодесничарскиот активист од Данска, Расмус Палудан, доби дозвола да протестира пред турската амбасада во Стокхолм (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да го поддржи приемот на Шведска во НАТО откако на протестот во Стокхолм во саботата беше запален примерок на Коранот.

    Крајнодесничарскиот активист од Данска, Расмус Палудан, доби дозвола од полицијата да протестира пред турската амбасада во Стокхолм, каде што ја запали книгата, а подоцна се одржа и протест на прокурдските групи.

    Оние кои дозволуваат такво богохулие пред нашата амбасада веќе не можат да очекуваат наша поддршка за членство во НАТО. Им дозволувате на терористички организации да дивеат и потоа очекувате наша поддршка. Тоа нема да се случи. Шведска мора да покаже почит кон Турција и муслиманите“, кажа Ердоган.

    Шведските власти нагласија дека слободата на изразувањето е загарантирана во шведскиот устав и на луѓето им дава широки права јавно да ги изразат своите ставови сè додека не се поттикнуваат насилство и говор на омраза.

    Шведска и Финска минатата година аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но тоа мора да биде одобрено од сите 30 членки на алијансата. Ова досега не го направија само Турција и Унгарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира