ЕУ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА, ОРБАН КАЖА ДЕКА БИЛ ВОЗДРЖАН

    ЕУ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ОТВОРАТ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА, ОРБАН КАЖА ДЕКА БИЛ ВОЗДРЖАНЗеленски ја поздрави одлуката како победа за неговата земја и Европа (Фото: ЕПА)

    Лидерите на Европската Унија одлучија да се отворат пристапни преговори со Украина и Молдавија и да ѝ се додели кандидатски статус на Грузија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката како победа за неговата земја и Европа.

    Портпаролот на Европскиот совет изјави дека одлуката била донесена едногласно, иако унгарскиот премиер Виктор Орбан и по доаѓањето на лидерскиот самит во Брисел беше дециден дека Украина не заслужува да ги почне пристапните преговори и дека неговиот став е непроменет. 

    Ова е победа за Украина, победа за цела Европа. Победа која мотивира, инспирира и зајакнува“, напиша Зеленски на Икс.

    Орбан објави на Фејсбук дека бил воздржан зашто не сакал да учествува во она што го нарече лоша одлука. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, не појасни како била донесена одлуката, за која е потребна едногласност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира