ЕУ НАЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ КОВИД ПАСОШИ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА ПОСЛОБОДНО ЛЕТОВО

    ЕУ НАЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ КОВИД ПАСОШИ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА ПОСЛОБОДНО ЛЕТОВОПретседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека системот би функционирал и надвор од ЕУ (Фото: Ројтерс)

    Европската комисија овој месец ќе предложи воведување дигитални сертификати како доказ за вакцинираност против ковид-19, што на жителите на Европската Унија ќе им овозможи послободно да патуваат ова лето.

    Планот за воведување на таканаречената „дигитална зелена дозвола“ ќе биде претставен на 17 март и Европската комисија ќе соработува со меѓународни организации за да се обезбеди систем што би функционирал и надвор од ЕУ.

    Оваа потврда ќе претставува доказ дека едно лице е вакцинирано против ковид-19, ќе покажува резултати од тестирањето за оние кои не се вакцинирани или ќе дава информации за заздравувањето за оние кои биле заразени со коронавирус. Државите ќе имаат право да постават свои критериуми за влез.

    „Целта е постепено да се постигне безбедно движење низ Европска Унија и надвор од неа поради работа или туризам“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.

    Држави како Грција, Шпанија и Португалија ја притискаа ЕУ да воведе ковид пасоши, сметајќи дека на тој начин ќе се поттикне европскиот туризам ова лето, додека Германија и Франција се спротивставуваа на оваа идеја, сметајќи дека е дискриминирачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира