ЕУ ПЛАНИРА ДА ПОДЕЛИ ВИШОК ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 НА СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ, МЕЃУ НИВ Е И ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ЕУ ПЛАНИРА ДА ПОДЕЛИ ВИШОК ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 НА СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ, МЕЃУ НИВ Е И ЗАПАДЕН БАЛКАНЕУ нарачала 2,3 милијарди дози вакцини за своите 450 милиони жители (Фото: Гети)

    Европската Унија разгледува механизам кој би ѝ дозволил да подели вишок вакцини против ковид-19 на сиромашните соседни држави и Африка. Со население од 450 милиони жители, ЕУ веќе обезбеди речиси 2,3 милијарди дози вакцини од шест различни компании, од кои некои допрва треба да бидат одобрени од регулаторите.

    „Работиме со членките на Унијата за да предложиме европски механизам кој ќе овозможи поделба на вакцини и надвор од нашите граници“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

    Таа нагласи дека овој механизам ќе обезбеди вакцини за посиромашните земји пред Ковакс програмата да стане целосно оперативна. Ковакс почна да функционира, но тешко доаѓа до вакцини, иако во декември постигна договор за две милијарди дози.

    Киријакидес вели дека шемата за поделба на вакцини би требала да им даде приоритет на здравствените работници и ранливите групи во Западен Балкан, Северна и Супсахарска Африка и Блиски Исток. Засега е нејасно дали вишокот вакцини ќе се донира или продава.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира