ЕУ САКА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД РУСКАТА НАФТА ДО КРАЈОТ НА 2022, НО НЕ ПОСТИГНА КОНСЕНЗУС ЗА ГАСОТ

    ЕУ САКА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД РУСКАТА НАФТА ДО КРАЈОТ НА 2022, НО НЕ ПОСТИГНА КОНСЕНЗУС ЗА ГАСОТУрсула фон дер Лајен кажа дека блокот ја прекинува својата зависност од руската нафта (Фото: АП)

    Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да ја купуваат руската сурова нафта до крајот на 2023 според постојните договори, велат од Брисел, откако денеска Европската комисија предложи целосна забрана за увоз на руската нафта во новиот пакет санкции. Со цел да се убедат земјите кои се позависни од руската нафта да не стават вето на планот, Брисел предложи подолг период за спроведување на ембаргото за Унгарија и Словачка.

    Претставувајќи ги новите санкции, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажа дека блокот ја прекинува својата зависност од руската нафта, но меѓу 27-те членки не бил постигнат консензус за откажување и од рускиот природен гас. Неговите најголеми купувачи на светот се Германија и Италија, а големи количини увезуваат и Холандија и Унгарија.

    ЕУ планира постепено да го намалува увозот на руската сурова нафта во следните шест месеци, а на дериватите до крајот на годината.

    „Ќе се погрижиме постепено да ја исфрлуваме руската нафта на уреден начин. Така ќе обезбедиме алтернативни линии на снабдување и внимателно ќе го намалиме влијанието врз глобалниот пазар. На овој начин максимално ќе ја притиснеме Русија и ќе ја минимизираме колатералната штета. Мора да обезбедиме економијата да остане силна. Да бидеме јасни: ова нема да биде лесно, но мора да го направиме“, изјави Фон дер Лајен.

    ЕУ увезува 26% од својата нафта од Русија. Од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, платила 47 милијарди евра за руските нафта и гас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира