ЕУ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА СЕКОЕ НЕДЕЈСТВУВАЊЕ ЌЕ ИМА НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Брисел,(МЕТА)

    ЕУ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА СЕКОЕ НЕДЕЈСТВУВАЊЕ ЌЕ ИМА НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА

    Брисел денеска повторно ги повика македонските политички лидери да седнат на преговарачката маса и да создадат услови за веродостојни избори и истакна дека следните недели се клучни за европската иднина на Македонија.

    Во изјава за агенцијата Мета, Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата на европската дипломатија не прецизираше дали на вчерашниот состанок било разговарано за воведување санкции кон Македонија.

    „Политичката криза почна да има негативни последици за земјата и за нејзината евроатлантска иднина. Ова не е вообичаено и секое недејствување ќе има последици. Конкретните резултати и робустните реформи во следните недели ќе бидат клучни дали Европската комисија ќе ги повтори своите препораки во следниот годишен извештај“, рече Коцијанчич.

    Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, соопшти дека на состанокот се спротиставил на воведувањето санкции за Македонија со образложение дека тоа би било контрапродуктивно за нашата земја.

    Во изјава за агенцијата Мета, Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата на европската дипломатија го повтори ставот на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини: „Постои многу јасна согласност меѓу земјите членки за потребата политичките лидери во земјата да се вклучат во отворен дијалог, да се имплементира Договорот од Пржино и да се создадат услови за веродостојни избори, да се развие владеењето на правото, да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и да се имплементираат реформските приоритети“, изјави Коцијанчиќ.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари