ЕУ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ВЕТО ОД ЗЕМЈИ-ЧЛЕНКИ, ВЕЛИ ШОЛЦ

    ЕУ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ВЕТО ОД ЗЕМЈИ-ЧЛЕНКИ, ВЕЛИ ШОЛЦПостојаното неединство, трајното несогласување меѓу земјите-членки нè слабее“, предупреди Шолц; - Од посетата на Македонија на 11 јуни 2022. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Европската унија повеќе не може да си дозволи да им дoпушта на поединечните земји-членки да имаат право на вето врз активностите на блокот, ако сака да ја задржи водечката улога во одредувањето на глобалната политика. Шолц, во текст објавен на 17 јули во весникот „Франкфуртер алгемајне“, рече дека руската војна во Украина го направи европското единство од итна важност и ја покрена потребата за крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од одделни држави.

    „Ние едноставно повеќе не можеме да си дозволиме национално вето, на пример во надворешната политика, ако сакаме да продолжиме да бидеме слушани во светот на конкурентни големи сили“, додаде тој. „Постојаното неединство, трајното несогласување меѓу земјите-членки нè слабее“, предупреди Шолц. „Затоа, најважниот одговор на Европа на промените во ова време е: Единство. Апсолутно мора да го одржиме и мора да го продлабочиме“.

    Политичките одлуки во рамките на Европската унија мора да бидат одобрени едногласно од сите 27 членки.

    Шолц се соочи со критики од Киев, западните сојузници и некои јавни личности кои тврдат дека Германија не зазела позиција на политичко лидерство во однос на војната во Украина, тврдења што Шолц ги негираше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира